Конечно убави вести за Клоп: Жота се врати во тренажен процес

Диого Жота ја напушти „болницата“ во Ливерпул, поточно по околу три месеци се врати во тренажен процес, што е одлична вест за Јирген Клоп.

Португалскиот офанзивец ја надмина повредата на коленото и му се стави на располагање на Германецот за претстојното гостување на Црвените кај Шефилд јунајтед.

Ова е вистинско олеснување за актуелниот англиски првак кој цела сезона се мачи со повреди, а последниот играч кој потклекна на повредите е капитенот Џордан Хендерсон, кому му се предвидува пауза дури до 12 недели.

Жота пред повредата беше во топ-форма со девет постигнати погодоци во 17 настапи во сите натпреварувања и беше доста значаен за Ливерпул во првиот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести