Конектикат со петта титула во НЦАА, обложувачи го погодија и точниот резултат на финалето (Фото)

Универзитетот Конектикат е нов шампион во НЦАА лигата во САД откако во големото финале го победи Сан Диего стејт со 76-59.

За непогрешливиот Конектикат ова е петта титула во петтото финале, а сите пет им се од 1999 година наваму, и прва по 2014 година. Сан Диего стејт во првото полувреме имаше период од 11 минути без даден кош од поле и Конектикат направи двоцифрена разлика.

Верувале или не, во САД имаше неколку обложувачи кои го погодија и конечниот резултат, па имаа одлична заработка. Еден од нив уплатил 5 долари, а добивката му е 1.805 долари бидејќи квотата била 360.

Има и такви кои лани уплатиле дека Конектикат ќе ја освои титулата, па сега тријат раце бидејќи уплатата од 100 долари ја претвориле во добивка од над 10 илјади зелени банкноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести