Конкурентот на Јокиќ се жали: Не знам што треба да направам за да ја освојам МВП титулата

Џоел Ембид изминативе сезони се истакна како еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

Ѕвездата на Филаделфија 76-ерс игра на центарската позиција е еден од најсериозните кандидати за МВП-титулата, но смета дека и оваа сезона нема да ја добие.

„Не знам што треба да направам за да ја освојам наградата за МВП во регуларниот дел од сезоната. Имам чувство дека луѓето ме мрзат, не само мене, туку и останатите играчи од Филаделфија, додека кај другите екипи не е така“, изјави Ембид.

Камерунецот во просек има по 30,2 поени по натпревар, а негов најзериозен кандидат за МВП наградата е Србинот Никола Јокиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести