Конор Мекгрегор го менува спортот, од октагон се префрла на ринг

Конор Мекгрегор одлучил да почне кариера како боксер. Ирскиот славен ММА борец пред две и пол години се покажа во солидно издание во боксерскиот ринг, каде што му се спротивстави на Флојд Мејведер и сега повторно сака да му се врати на боксот.

„Конор го сака боксот, уживаше додека се подготвуваше за дуелот со Мејведер“, вели тренерот Џон Кавано, кој за битката со Џастин Гаетје, која треба да се одржи кон крајот на годинава, најави дека ќе биде спектакуларна за публиката.

„Џастин е совршен противник за Конор во моментов. Ќе има размени на удари, притисокот ќе биде голем, никој нема да се повлече, ќе има и ќе пука огномет на сите страни“, вели Кавано.

 

- Оглас -

Најнови вести