Конор Мекгрегор налути многу Американци

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за Денот на Мартин Лутер Кинг објави честитка во која се пофали дека на тригодишнината од неговото стапување на функцијата, невработеноста на Афроамериканците во САД е најмала во историјата, на што ирскиот Ултимејт фајт борец Конор Мекгрегор одговори дека Трамп е веројатно најдобриот претседател во историјата на САД.

„Феноменален претседател. Многу веројатно најдобриот на сите времиња. Не е лесно да се биде рамо до рамо, па и подобар од многу неверојатни џинови кои ја вршеле функцијата пред него. Честитки за празникот Америка“, напиша Конор.

Оваа објава на „Твитер“ доби повеќе од 100.000 лајкови, но и огромен број критики од противниците на првиот човек на САД.

Потоа Трамп во знак на благодарност, на Мекгрегор му ја честиташе големата победата против „каубојот“ Доналд Сероне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести