Конор Мекгрегор нападнат во Русија (Видео)

Конор Мекгрегор во Москва предизвика нов инцидент, но овојпат може да се каже дека тој воопшто не беше виновен. Ирскиот борец е во Русија, каде најави дека очекува нова борба против Хабиб Нурмагомедов.

Повеќе од 200 новинари присуствуваа на прес конференцијата на која беше најавено дека Мекгрегор очекува реванш против Нурмагомедов од кого загуби минатата година. Запрашан дали би сакал да го посети Дагестан, земјата во која е роден неговиот голем ривал, Мекгрегор одговори во свој стил со многу провокација.

„Не би отишол таму, дури и да морам да одам во тоалет“, рече Мекгрегор, кој успеа да го испровоцира новинарот од Дагестан. Неколку секунди подоцна кон Ирецот беше фрлено со шише со вода, кое за среќа не повреди никого.

https://youtu.be/FDcIGPGypsk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести