Конор Мекгрегор со говор како од филмот „Храбро срце“, а плус донираше милион евра (Видео)

Можеби најконтроверзниот меѓу УФЦ борците, Конор Мекгрегор, реши да се приклучи во борбата против пандемијата која го зафати целиот свет од Коронавирусот. Мекгрегор одржа емотивен говор кој многу наликуваше на говорот што глумецот Мел Гибсон го одржа на своите воини во филмот „Храбро срце“.

„Здраво на сите, здраво и за Ирска. Сакам да му се обратам на својот народ. Драги претставници на власта и на здравствените институции… Додека се водат дебати за тоа дали треба „целосно затворање“, јас сакам да ви порачам – ДА ТОА Е НЕОПХОДНО. Јас знам како е да се биде дел од голема борба, кога ситуацијата е неповолна. Ова е таква ситуација. Затоа го повикувам мојот народ – големиот народ на Ирска, сите сме потребни за да ја добиеме оваа борба. Сите ние сме во црвениот агол и чекаме ѕвончето да го означи стартот. Затоа ајде да бидеме сложни. Треба да останеме во изолација, да бидеме обединети околу тоа прашање. Аеродромите треба да се затворат како и сите работни места кои не се од витална важност. Границите треба да се затворат.Судбината на овој голем остров зависи од нас. Имаме предност затоа што веќе видовме колку е моќен овој вирус и ако не ја искористиме таа предност, тогаш нема да може да очекуваме и ние други резултати. Не го почитуваме правилото за држење на доволно растојание меѓу луѓето и затоа дозволуваме да има новоинфицирани, вирусот да се шири. Само со изолација и затворање може да ја намалиме можноста вирусот да се прошири. Тие мерки се тешки, но се неопходни. Ајде Ирска! Ајде остатокот од светот! Да се изолираме! Господ сите да нѐ чува“, вели Мекгрегор во видеото кое го упати преку социјалните мрежи.

Освен да зборува, Мекгрегор реши и на дело да ја покаже својата хуманост па донираше еден милион евра за болниците кои се борат против Коронавирусот.

Во Република Ирска до сега се регистрирани 1.564 лица, а девет од нив се починати. Во моментов 15 европски земји имаат поголем број заразени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести