Конор: Се молам за Италија, постојано мислам на таа прекрасна земја!

Најпопуларниот ирски спортист, ултимејт фајт борецот Конор Мекгрегор, преку социјалните мрежи им даде поддршка на италијанските граѓани кои според бројот на смртни случаи се најпогодени од Коронавирусот. Во Италија починаа над 5.000 луѓе како последица од овој вирус со кој се бори целиот свет.

Конор се обрати со емотивен текст, во кој нагласи дека постојано се моли за големата италијанска нација.

„Италија не ми излегува од мислите. Секој ден се молам за оваа голема нација која на светот му подари неверојатни работи, од својот народ и култура, со архитектура и дизајн, својот стил, својата кујна, својата уметност. Листата е долга. Господе, спаси ја Италија“, напиша Конор.

- Оглас -

Најнови вести