Конте го избрка од Челзи, а сега го бара во Интер

Немања Матиќ, играчот за врска на Манчестер јунајтед, се најде на списокот со желби кај Антонио Конте за зимскиот преоден рок. Италијанскиот стратег го посакува Србинот во редовите на Интер, играчот со кого соработуваше во сезоната 2016/17 во Челзи.

Иако Конте во летото 2017 година одлучи дека не му е потребен Матиќ и му го овозможи трансферот во Манчестер јунајтед, сега во него гледа како играч кој со своето искуство може многу да придонесе за Нераѕурите во трката за шампионската титула во Серија А.

Матиќ оваа сезона ретко добива шанса да игра, а со оглед на тоа дека му истекува договорот по крајот на сезоната, нема да му биде проблем да ја смени средината. Јунајтед воедно засега не планира да ја продолжи соработката со Србинот, така што ова е добра прилика да заработат од неговото заминување.

Сегашниот спортски директор на Интер, Бепе Марота, го цени Матиќ и пред две години се обиде да го доведе во Јувентус, но српскиот репрезентативец тогаш одлучи да остане во Премиер лигата и да го облече дресот на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести