Конте го спореди Ериксен со рагби играч и нема намера да го стави во прв тим

Интер имаше бурна недела откако успеа да се пласира во полуфиналето на Купот на Италија, победувајќи го градскиот ривал Милан. Нераѕурите губеа со 1:0 на полувреме, но со пресврт во вториот дел стигнаа до меч против Јувентус во следната фаза.

Кристијан Ериксен беше херојот на Интер, откако влезе пред крајот на средбата и го даде погодокот за победа. Ериксен одлично изведе слободен удар кој беше незадржлив за голманот на Милан, Татарушану. И покрај тоа што Ериксен донесе победа на Интер, Конте вели дека не планира да му даде повеќе шанса на играчот кој дојде како големо засилување од Тотенхем. Стратегот дури го спореди Ериксен со рагби играчите кои се специјализирани само за шутеви.

„Во рагбито постојат играчи кои влегуваат од клупата само за да шутнат . Се надевам дека Кристијан ќе ни помогне и во други ситуации и тоа секако може да биде дополнително оружје за нас. Но, играчот не може да биде на теренот само затоа што знае да изведува слободни удари“, вели Конте.

Тренерот на Интер додаде дека се радува што денеска ќе се сретне со неговиот пријател Пипи Инѕаги, кој сега е тренер на Беневенто, но целта на Нераѕурите е освојување на три бода.

„Беневенто игра добро и среќен сум за Пипо Инѕаги. Сега е важен секој бод и тешко се победува. Напорно работиме, но знаеме дека можеме и повеќе. Посебно внимание посветуваме на реализацијата, на последното додавање за гол. Мора да бидеме поодлучни. Мораме и можеме да бидеме подобри“, додаде Конте пред дуелот со Беневенто.

 

- Оглас -

Најнови вести