Конте има тројца играчи кои сака „по секоја цена“ да ги доведе во Интер

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, го крои планот за тоа кои играчи треба да пристигнат во летниот преоден рок на „Џузепе Меаца“. Според најавите, Конте одвоил тројца играчи на кои ќе биде ставен фокусот, за нивно доведување. „Калчомеркато“ пишува дека стратегот на нераѕурите чека да биде продаден Мауро Икарди, па да почне со купување на засилувања.

Меѓу најпосакуваните играчи на Конте се играчот за врска на Калјари Николо Барела, чија вредност е 35 милиони евра. Потоа Един Џеко за кого треба да бидат платени 15 милиони евра, како и Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед. Англискиот гигант за заминување на Лукаку бара околу 70 милиони евра.

Лукаку треба да биде замена за Икарди, кој најверојатно ќе замине во Јувентус. Сепак, ова се само желби, а летниот преоден рок ќе треба да покаже колку може Конте да ги исполни своите желби и да ги доведе тројцата играчи.

- Оглас -

Најнови вести