Конте: Ќе бидеме будали ако…

Барселона сигурно ќе заврши како првопласирана во својата група во Лигата на шампионите без разлика на денешниот дуел против Интер. Ако за шпанскиот првак нема поголемо значење мечот на „Џузепе Меаца“, тогаш за домаќините таа средба е од круцијално значење.

Интер мора да победи ако сака сигурно да го задржи второто место пред Борусија Дортмунд. Моментно двата тима кои се во борба за второто место имаат по 7 бодови, но ако Интер победи, џабе ќе биде и триумф на Борусија во Дортмунд против Славија Прага.

Олеснување за Интер ќе биде тоа што за Барселона вечерва сигурно нема да играат Лионел Меси и Жарарт Пике, кои воопшто не отпатуваа за Милано. И покрај тоа, тренерот на домаќините, Антонио Конте, укажува на претпазливост.

„Ако само во еден момент помислиме дека нема да патиме кога Барселона ќе ја има топката во своите нозе, тогаш би биле будали. Сепак, кога ќе ја имаме топката во наш посед, ќе се обидеме да им направиме потешкотии во одбраната. Тие се меѓу најсилните неколку екипи во Европа. Фактот дека сигурно се првопласирани ќе им овозможи да играат без притисок, а тоа може да биде проблематично за нас. Ништо не се менува. Мораме да го дадеме најдоброто од нас, но и да бидеме свесни дека дури и тоа може да не биде доволно“, рече Конте.

На првиот меч на „Камп ноу“, Интер водеше со 1:0, но на крајот Барселона се радуваше на триумф од 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести