Конте на итна средба со раководството на Интер

Тренерот на Интер, Антонио Конте, ќе се сретне со раководството на клубот, за да биде направена трансферната стратегија за ова лето, бидејќи засега работите не одат според планот.

Во изјавата пред двобојот на „нераѕурите“ со Манчестер јунајтед од интернационалниот чемпионс куп, Конте изрази незадоволство од начинот на кој се развива трансферното лето за клубот од Милано. Тренерот е особено незадоволен од неспособноста на Интер да ги продаде непотребните играчи како Мауро Икарди и Раџа Наинголан.

Според медиумите на Апенинскиот полуостров, Конте решил да тргне во акција и побарал да се сретне со директорите на Интер веќе в понеделник. На Интер му требаат парите од продажбата на Икарди за да доведе засилувања кои ги бара Конте, а тоа е Един Џеко и Ромелу Лукаку.

- Оглас -

Најнови вести