Конте: Опасно е кога играте без публика, чувството е како да сте на тренинг

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по успехот од 2-1 над бугарскиот првак Лудогорец во реванш-средбата од 16-финалето во Лигата на Европа опиша како е да се игра натпревар без присуство на публика.

„И јас имам играно пред празни трибини, со репрезентацијата на Италија против Хрватска. Атмосферата е безусловно чудна. Првиот впечаток ви е дека сте на тренинг, а тоа секогаш носи опасност. Момчињата добро излегоа на крај со ситуцијата, имав можност да го ротирам составот и да играат фудбалери на кои им требаа минути во игра. Од двобојот со Лудогорец, имавме само позитивни нешта”, рече Конте.

Конте додаде дека Интер ќе се обиде да ја освои ЛЕ.

„Ќе се обидеме. Клубот секогаш има високи цели. Ќе го дадеме максимумот од себе за да го освоиме трофејот, па ќе видиме до каде ќе стигнеме”, најави Конте, чиј тим в недела повторно игра без публика, на гостински терен во супердербито на Италија против Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести