Конте откри кој му бил советот на полувреме, Лукаку сними како славеа на крајот (Видео)

Интер само вторпат во клупската историја успеа да го победи Милан во првенството на меч на кој Нераѕурите имале заостанување од два гола. Првиот пат тоа се случило пред повеќе од 70 години, што значи дека речиси и да нема навивач на Интер кој се сеќава на ваков пресврт против Милан.

Иако на полувремето Интер губеше со 0:2, тимот кој се бори за титулата во Серија А не се откажа. Нераѕурите одлично го отворија вториот дел и дадоа два гола во првите 10 минути, а потоа до крајот го комплетираа пресвртот за голема радост.

Тренерот Антонио Конте вели дека немало многу филозофија на полувремето и едноставно играчите знаеле што треба да се коригира.

„Во првото полувреме имавме многу проблеми, можеби најлошото полувреме за нас сезонава. Милан можеше да нѐ растури. Наместо да се случи тоа, ние успеавме да се вратиме, да воспоставиме рамнотежа. Сфативме каде треба да се подобриме и верувавме во нашите сили. Сите заслуги се на сметка на играчите. На полувремето не требаше многу да зборувам. Мислам дека во тешките моменти мора да бидете многу јасни и да ја преземете одговорноста. Имам голема одговорност за тоа што на полувремето губевме со 2:0. Сепак, останавме заедно од почеток до крај и најдовме излез од тешката ситуација“, рече стратегот на Интер, Конте.

По завршување на дуелот, играчите на Интер беа пресреќни, а во соблекувалната направија шоу, кое го сними Ромелу Лукаку.

 

- Оглас -

Најнови вести