Конте: Ова е мојот Интер!

Антонио Конте по вторпат во својата тренерска кариера сезоната ја почнува со четири победи по ред, првиот пат тоа му успеа кога го водеше Јувентус во 2012/2013, а синоќа после триумфот над Милан од 2-0, кажа дека неговиот тим игра токму онака како што замислувал кога го преземал.

„Градските дербија се посебни натпревари и никогаш не е лесно да ги добиете. Задоволни сме, момците одиграа добро, иако на претходниот меч потфрливме. Среќен сум што брзо го заборавија тоа со Славија, добро е што се вратија на вистинскиот пат и што ги направија среќни навивачите. Лукаку и Лаутаро ни се многу важни, моја работа е да им помогнам да напредуваат. Игравме како тим, имаме идеја што треба да се прави и кога ја имаме и кога ја немаме топката“ – рече Конте.

Тренерот на Милан, Марко Џампаоло, истакна дека искуството на Интер пресудило во дербито. „Росонерите“ имаат само три победи на последните 18 дуели со Интер. „Црно-сините“ десет години немаа победа од два разлика против Милан кога официјално биле во улога на гости.

- Оглас -

Најнови вести