Конте планира да експериментира со составот вечерва против Сасуоло

Интер победнички се врати по тримсечната пауза откако со 2:1 славеше против Сампдорија и покажа дека уште е во трка за титулата во Италија. Нераѕурите вечерва повторно на свој терен имаат нов тест, и тоа против Сасуоло. Според дневниот весник „Кориере дела сера“, тренерот на Интер, Антонио Конте, планира за овој меч против Сасоуло да направи неколку измени во однос на почетните 11 коишто играа против Сампдорија.

Најавите на „Кориере дела сера“ се дека во дефанзивната линија на местото на Стефан де Вреј може да застане Андреа Ранокија, а Виктор Мозес може да го замени Антонио Кандрева на десната бековска позиција. Во средниот ред може да заигра Борха Валеро, а во нападот да се најде место и за помалку заборавениот Алекси Санчес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести