Конте: Полесно е да се премести катедралата во Милано, отколку Интер да го купи Меси

Тренерот на Интер не верува дека е можно неговиот клуб да го купи Лионел Меси откако навивачите на овој клуб се запалија по најавата за дуелот со Наполи, кога на катедралата Дуомо во Милано се појави силуета на Меси. Конте беше запрашан дали би сакал да го има Меси во составот или Интер да купи четворица фудбалери кои чинат по 50 милиони евра, а одговорот му беше интересен.

„Двете сценарија се неверојатни. Ги сакам играчите кои даваат максимум од себе за Интер и им благодарам за тоа. Меси е најдобриот на светот. Полесно е да се премести Дуомо, отколку да се потпише договор со Меси“, рече Конте.

Договорот на Меси со Барселона истекува во летото 2021 година, па сите што се заинтересирани за него и се подготвени да му дадат плата поголема од таа што сега ја зема во Барса, може да го земат без да платат голема отштета. Сепак, одлуката дали Меси ќе си оди, зависи од односот на Каталонците кон него, можеби и од исходот од претседателските избори закажани за следното лето.

- Оглас -

Најнови вести