Конте спрема атомски напад, првиот удар ќе го почуствува Манчестер сити

Антонио Конте има опасен план, а идното лето Интер ќе се обиде да го донесе Серхио Агуеро, иконата на Манчестер сити и најдобар стрелец на сите времиња на тимот од Англија.

Интер уште отсега подготвува план за ангажман на Агуеро со што Интер би имал атомски напад со триото опасни стрелци, Лаутаро Мартинес, Ромелу Лукаку и Серхио Агуеро.

Со таков тим и со сегашниот квалитет Интер би бил рамноправен кандидат со Јувентус и останатите екипи во битката за Скудетото во Серија А.

Според најавите на италијанските медиуми, Нероаѕурите ќе се обидат да го привлечат Агуеро со двегодишен договор и плата од 7-8 милиони евра. Аргентинецот има уште една година важечки договоро со Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести