Конте во Тотенхем стартуваше со реми, Арсенал реди победи

Лондонските ривали Арсенал и Тотенхем попладнево одиграа неефикасни мечеви во Премиерлигата, но со различен исход.

Арсенал продолжи да победува, а против Вотфорд во победата од 1-0 продолжи и низата голови на младиот Емил Смит Роу, додека Тотенхем не успеа да победи на гости кај Евертон, на дебито на Антонио Конте како менаџер на Петлите. Тотенхем ремизираше 0-0.

Смит Роу е само четвртиот фудбалер во историјата на Арсенал, кој имал 21 година или помлад, а дал гол на три премиерлигашки мечеви по ред. Обамејанг утна пенал, Топчиите долго беа со човек плус на терен, но нема да се жалат што триумфираа само со 1-0. Откако почнаа со историски негативен рекорд од три порази во првите три кола и тоа без постигнат гол, сега Арсенал е во силен налет, и веќе е на само 6 бода зад првопласирсниот Челзи.

- Оглас -

Најнови вести