Конте: Заслуживме да ја победиме Барселона

Интер ги разочара своите навивачи откако во мечот кој требаше да го добијат, загубија со 2:1 од Барселона на „Џузепе Меаца“. По овој неуспех, италијанскиот тим остана без место во осминафиналето од Лигата на шампионите, па евроавантурата ќе ја продолжи во нокаут-фазата од Лигата на Европа.

Тренерот на Интер, Антонио Конте, е разочаран и вели дека според играта, неговиот тим можел и да победи.

„Имавме шанси да го добиеме мечот, но, за жал, не успеавме. Не знаеме да ги искористиме шансите за гол. Немам никакви замерки за моите играчи, тие го дадоа максимумот и одиграа еден навистина добар меч, но едноставно не можевме да дадеме гол. Кога израмнивме, требаше да продолжиме да напаѓаме, но вториот погодок на Барселона едноставно нѐ уби. Тоа е вистината. Во целина, мислам дека Интер сезонава заслужуваше многу повеќе во Лигата на шампионите“, рече стратегот на водечкиот тим во италијанската Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести