Контравезно тврдење: Мајкл Џордан доминираше затоа што сите беа на кокаин

За многу љубители на кошарката, Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња. Легендарниот Џордан го предводеше Чикаго Булс до шест титули во НБА-лигата и доминираше во офанзивниот дел, а многу потези кој тој за првпат ги изведе во кошарката, сега се адути на новите генерации.

И покрај сите резултати кои ги имаше во кариерата, Џо Буден, некогашниот рапер, а сега медиумска личност, вели дека Џордан е само успешен маркетиншки трик на НБА-лигата која тогаш беше на чело со Дејвид Штерн. Некогашниот рапер вели дека Џордан не може да се стави во иста реченица со Леброн Џејмс, кого го смета за најдобар кошаркар на сите времиња.

„Мајкл Џордан е најголемиот маркетиншки трик кој некогаш се појавил во кошарката. Кои беа бековите кои доминираа пред него? Меџик, Оскар, Пистол Пит… Може да се набројат на една рака. Лигата секогаш ја освојувале високите момци, а потоа се појави Џордан. Кога џордан се појави, Источната конференција беше слаба, а сите беа на кокаин. Тоа го признаваа. Додека беа Бирд и Меџик, тие се бореа за титулата, а Мајкл учеше како да постигнува поени. Дојде во центарот на вниманието дури откако тие се повлекоа. На лигата ѝ беше потребно ново заштитно лице и генијален беше маркетинг потегот на комесарот Штерн со одбирањето на Џордан“, вели Буден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JBN x JBP (@joebudden)

Во своето објаснување, некогашниот рапер вели дека за разлика од времето на Џордан, каде што немало конкуренција, во ерата на Леброн Џејмс конкуренцијата е многу поголема.

„Кога Леброн дојде во лигата, се појавија и други бекови. Повеќето беа многу поатлетски подготвени од времето кога играше Џордан. Исто така и правилата се променија. Тука беа Мело, Дурант, Стеф и мораше со сите нив да се надигрува. Сите правеа тимови за да го сопрат Леброн, кој и на 38 години постигнува по 30 и повеќе поени на меч. Никој не бил толку доминантен како Леброн Џејмс“, е заклучокот на Џо Буден.

 

- Оглас -

Најнови вести