Контроверзен пораз на шампионот во Минесота

Минесота тимбервулвс славеше со минимални 131:130 против шампионот Голден стејт вориорс во тесната пресметка која се реши во дополнителен период. Домашниот состав се врати во игра иако на стартот од второто полувреме се најде во негатива од 19 поени, но тоа не ги спречи кошаркарите на Минесота да дадат сè од себе и да се изборат за посакуваниот триумф.

Во четирите регуларни периоди резултатот гласеше 115:115, откако Вигинс имаше неуспешен обид да го реши мечот во последен напад. Во дополнителните минути се случуваше драмата. На е една и пол минута до крајот, Минесота стигна до +9 поени предност, но расположениот Кари со две реализизирани тројки по ред ги врати гостите.

При 130:127 за Минесота и четири и пол секунди до крајот, Дурант погодува тројка која судиите не ја важеа, па се одлучи нападот да се преигра. И во вториот обид „воините“ погодија за израмнување, Кари ја запиша 11-тата тројка во 19-от обид, по што останаа само пет стотинки кои Минесота требаше максимално да ги искористи.

При изведување на нападот, Дурант направи фаул врз Карл Ентони-Таунс, по што овој се најде на линијата за слободни фрлања и погоди едно од нив, онолку колку што беше потребно за победа.

Останати резултати НБА: Бостон селтикс – Индијана пејсерс 114:112, Атланта хокс – Портланд трејлблејзерс 98:118, Оклахома сити тандер – Денвер нагетс 105:115, Јута џез – Вашингтон визардс 128:124, ЛА лејкерс – Шарлот хорнетс 129:115.

- Оглас -

Најнови вести