Себастијан Корда продолжи да игра во извонредна форма во Новата 2023 година и денеска во дерби-меч од 1/16-финалето на Отвореното првенство на Австралија го елиминира седмиот носител Данил Медведев.
Американецот славеше убедливо со 3:0, 7:6(7), 6:3 и 7:6(4) против заспаниот Медо и во следното коло ќе игра против Полјакот Хуберт Хуркач.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/1616413030090244100?s=20&t=ShknboqxPj4y7vAuBI6yEQ
Корда можеше и многу побрзо да го добие мечот со Медведев бидејќи имаше предност од 2:0 во сетови, 7:6(7) и 6:3 и потоа и брејк предност во третиот сет.
Сепак, кога сервираше за 5:3 во гемови, прокоцка предност од 40:15 и на рускиот тенисер му дозволи со серија да израмни на 4:4, а потоа и да поведе со 5:4.
Сепак, Корда се стабилизира и успеа да победи и во третиот сет, во нов тај-брејк со 7:4 во поени.
Со тоа ја потврди топ-формата, што му донесе финале пред две седмици на АТП турнирот во Аделаида.
Таму загуби од Новак Ѓоковиќ, а нов нивен меѓусебен меч е можен во Мелбурн само во евентуалното финале на 29 јануари.
Во следната фаза Корда ќе има интересен ривал, Полјакот Хуркач, кој денеска го победи Шаповалов со 3:2, а и во претходното коло играше тениски маратон во пет сета против Сонего од Италија.