Корејците држеа социјална дистанца 84 минути, ја разби Јеонбук со гол за победа

Јеонбук го победи Сувон со 1:0 во премиерниот меч од јужнокорејското фудбалско првенство, кое почна денеска, со старото добро дерби меѓу големите ривали.

Мрежите на премиерата мируваа до 84-тата минута, кога репрезентативецот на Јужна Кореја Ли Донг-Гок со единствениот погодок на мечот го одлучи победникот.

Интересно е што Донг-Гок влезе како резерва на дербито и погоди за победа. Гостите се обидоа да одолеат, но поранешниот играч на Мидлсборо ги разочара со голот во финишот.

Сувон играше со фудбалер помалку од 75-тата минута, по исклучувањето на Антонис, а ова беше десетти црвен картон на последните 18 меча меѓу актуелниот шампион Јеонбук и Сувон.

Утре и задутре ќе се одиграат преостанатите мечеви од првото коло во првенството на Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести