Коринтијанс пак има проблеми со навивачите, полиција едвај ги спроведе фудбалерите до автобусот (Видео)

Една од најреномираните екипи во Бразил, Коринтијанс, повторно има големи проблеми со навивачите, а по поразот од Флуминенсе, мораше да реагира и полицијата, која едвај ги спроведе гостите до клупскиот автобус.

Симпатизерите на 7-кратниот бразилски шампион се обидоа да ги нападнат играчите, но благодарение на брзата интервенција на полицијата, беше спречен поголем инцидент.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=37&v=hC8_XuGorZg&feature=emb_logo

Ова потсетува на сцените од 2007 година, кога Коринтијанс испадна од Првата бразилска лига, а пред клупскиот дом во Сао Пауло навивачите кампуваа со ноќи и жестоко протестираа.

Клубот тогаш брзо се врати во елитата и освои три титули по камбекот, последната во 2017 година. Инцидентите експресно беа заборавени, па се паметат спектакуларните сцени од 2012 година. Во незаборавен амбиент околу 15 илјади симпатизери на „Тимао“ ги испратија на аеродром своите миленици на пат за Токио на Светскиот клупски куп. Коринтијанс тогаш стана и светски првак, откако претходно ја освои и титулата во Копа Либертадорес.

https://www.youtube.com/watch?v=MU17WSOgfS4

Коринтијанс претходно во јуни 2012 година победи во финалниот двомеч против Бока јуниорс со вкупен резултат 3:1 и ја освои досега единствената титула во Копа Либертадорес.

Сега, 8 години подоцна повторно имаат мака со навивачите, кои бурно протсетираат за слабите игри во првите 10 кола во бразилскиот шампионат.

Коринтијанс има одиграно 9 меча и се наоѓа во опасната зона за испаѓање само со 9 бода, два повеќе од последнопласираниот Брагантино.

 

- Оглас -

Најнови вести