Корона-вирусот ги коси Косоварите – И Приштина без игра ќе биде елиминирана од Европа

Косовските екипи во европските купови настрадаа од корона-вирусот и по Дрита, која не го заврши претквалификацискиот турнир на патот кон Лигата на шампионите, без игра ќе биде елиминирана и Приштина.

Клубот од главниот град на Косово допатува на Гибралтар за дуелот со Линколн, но мечот што требаше да се игра денеска од 18 часот е одложен. Во таборот на Приштина има осуммина фудбалери што се позитивни на ковид-19 и по сè изгледа Линколн ќе оди понатаму без игра.

Тоа му се случи и на нашиот познат поранешен играч Адријан Нухиу, како тренер на Дрита, па и тој и неговите соиграчи беа елиминирани откако пред финалниот претквалификациски дуел во Нион на патот кон Лигата на шампионите имаа тројца заразени со корона-вирус.

Тогаш Линфилд од Северна Ирска си доби подарок и вечерва ќе игра со Легија во Варшава во првото квалификациско коло за пласман во ЛШ, а слично се очекува да биде и со Линколн од Гибралтар, екипа која сигурно ќе оди понатаму, а Приштина ќе биде елиминирана.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести