Короната не бира, познат 36-годишен ватерполист е на интензивна нега во Белград

Поранешниот црногорски ватерполист Борис Злоковиќ има запаление на двете белодробни крила, предизвикано од коронавирусот, и се наоѓа на интензивна нега во една белградска болница. Веста први ја објавија од неговиот поранешен клуб, италијански Про Реко, а и други клубови како Јадран му напишаа зборови на поддршка.

Злоковиќ кој е екс репрезентативец на Србија и Црна Гора, и на самостојна Црна Гора, а се повлече во 2015 година, има 36 години, висок е 197 сантиметри, има 100 килограми, но и таа физичка сила не го спречи коронавирусот да го нападне во тешка форма.

Лекарите информираат дека здравствените параметри му се стабилни, и се надеваат дека состојбата наскоро ќе му се подобри.

 

- Оглас -

Најнови вести