Короната повторно прави хаос во Италија: Торино доби забрана да патува за Рим

Денешната средба меѓу Лацио и Торино од 25-тото коло во Серија А, која е закажана за 18:30 часот, нема да се одигра бидејќи локалните власти им забранија на Биковите да допатуваат во Рим поради тоа што во екипата има повеќе активни случаи на корона-вирус.

Целиот тим на Торино е во карантин, меѓутоа, нема доволен број заразени (потребни се најмалку 10 заразени членови) за да ги исполни условите за одложување на дуелот, па затоа случајот ќе се решава како што беше со Јувентус и Наполи.

Составот на Симоне Инѕаги попладено ќе се појави на теренот на „Олимпико“ и оваа средба ќе ја добие со службени 3-0, додека на Торино ќе му се одземе еден бод, меѓутоа, од управата на Биковите се очекува да поднесат жалба против оваа одлука, па резултатот и одземањето на бодот да се поништат, а потоа да се бара нов термин за одржување на мечот.

Инаку, екипата на Торино речиси цела недела е во карантин, по што мечот против Сасуоло, кој требаше да се одигра минатиот петок, се одложи за 17 март.

- Оглас -

Најнови вести