Корона-вирус во Лејтон ориент, Тотенхем можеби нема да игра утре

Фудбалскиот клуб Лејтон ориент соопшти дека одреден број нивни фудбалери од првиот тим се позитивни на корона-вирус, и тоа на еден ден пред мечот со премиерлигашот Тотенхем од Лига купот на Англија. Лондонскиот клуб ги извести сите (ЕФЛ, Тотенхем и последните три противници со коишто играа) за ситуацијата, па сега се чека одлуката дали утрешниот меч ќе се игра или ќе се одложи.

Стадионот и тренинг-центарот на Лејтон ориент се затворени.

Ако се одложи и Тотенхем добие слободен ден, тоа нема да биде добро за Шкендија, која в четврток го пречекува големиот противник во квалификациите за Лигата на Европа. Така Петлите би имале еден ден плус одмор и повеќе време за подготовка за мечот со тетовци.

Одлуката дали утре ќе се игра мечот Лејтон ориент – Тотенхем ќе ја донесат здравствените власти во Англија. Интересно е што најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн, своето деби во сениорскиот фудбал го имаше токму како играч на Ориент во 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести