Коронавирусот го одложи дуелот Стразбур – ПСЖ

Дуелот меѓу Стразбур и ПСЖ кој според календарот требаше да се одигра утре во 17:30 часот, е одложен на неодредено поради страв од ширење на коронавирусот. Локалните влсти во Стразбур се загрижени околу ситуацијата и брзината со која се шири вирусот низ цела Европа, па одлучија дека е најдобро мечот да се одигра некој друг ден, наместо да се затвораат вратите на стадионот.

Засега не е одреден нов датум, таа одлука допрва ќе биде донесена. Инаку, познато е дека франуската Влада забрани собир на настани на кои би присуствувале повеќе од 5.000 луѓе како превентива.

По неполн час откако дуелот официјално се одложи, фудбалерите на ПСЖ не губеа време и веднаш се вратија назад во Париз.

- Оглас -

Најнови вести