Коронавирусот го заглави во хотел – Живеам во луксуз веќе 17 дена (Фото)

Данило Ортиз е заглавен во хотел веќе 17 дена заедно со сопругата и вели дека живее во луксуз во екот на епидемијата со Коронавирус.

По игра на случајноста фудбалерот на аргентински Годој Круз остана во хотелот и тоа сам со својата сопруга, откако сите останати гости си заминале пред нешто повеќе од две седмици.

„Сопственикот на хотелот ни ги остави клучевите, отако сите останати гости и персоналот си заминаа. Одвреме навреме доаѓа само жена што чисти и нема никој друг. Овде е рај и ги има сите услови, но сепак ми недостасуваат пријателите и секако фудбалот. Сакам што побрзо да го пребродиме тешкиот период и да заврши епидемијата со Коринавирусот, иако во мкоментов живеам во лусуз“, вели Ортис.

https://twitter.com/CanchaArgentina/status/1243877510066159618?s=20

Аргентинското првенство заврши на осми март, непосредно пред да букне кризата со Коронавирусот во повеќе земји, меѓу кои и Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести