Коронавирусот го зема данокот во Серија А

Четири меча кои вчера требаше да се играат во Серија А беа одложени поради страв од ширење на Коронавирусот. Во изминативе неколку дена во Италија нагло се зголеми бројот на заразени од овој смртоносен вирус, па Владата на Италија реши да преземе нешто против ширење на вирусот.

Премиерот Џузепе Конте одлучи во неделата да бидат одложени сите случувања на кои има собир на поголем број луѓе во најкритичните места. Само во Ломбардија беа евидентирани над 50 заразени, а бројката во областа Венето е околу 20 заразени со Коронавирусот.

За да нема одложување на мечевите од следното коло во Серија А, многу веројатно е дека Владата ќе го прифати предлогот натпреварите да се играат зад затворени врати. Тоа значи дека и Дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус може да биде „сиромашно“ без навивачи на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести