Коронавирусот коси и во Бугарија, но трибините во Софија преполни (Фото)

Навивачите на софиска ЦСКА долго време чекаа нивниот тим да се најде во групната фаза во Лига Европа, па дури и во услови на пандемија ги исполнија трибините на Националниот стадион „Васил Левски“, без да држат дистанца, а носењето маски беше реткост.

ЦСКА играше со Клуж, а иако во Бугарија во последните денови се поставуваат рекорди по бројот на заразени (над 1.500 заразени на ден), на стадионите се дозволува ограничен број на гледачи. Препораката на УЕФА беше да се дозволи исполнетост на трибините од 30 проценти, што значи смееше да има 12.824 навивачи.

Но, финтата е што голем дел од присутни беа на една иста трибина, а не рамномерно распоредени на сите четири сектори. Од фотографиите се гледа дека нема прописно растојание и дистанцирање, туку фановите се групираа на трибина зад голот.

Оваа сцена го загрижи главниот здравствен инспектор за борба против Ковид-10, кој најави дека наскоро стадионите може и да се затворат, како и ноќните клубови кои истотака деновиве се полни, па стравувањата се дека бројките на заразени може да скокнат и над 5.000 дневно.

И од Клуж се жалеа на условите во Софија, морале да минуваат покрај публиката, и најавија дека деновиве ќе направат нови тестирања.

На некои трибини, протоколите се почитуваа, но не секаде.

- Оглас -

Најнови вести