Коронавирусот носи најголем зијан во Манчестер – Јунајтед губи најмногу, по него е Сити (Фото)

Манчестер јунајтед ќе загуби најмногу пари со кризата со Коронавирусот и според проценките на експертите за финансии, Црвените ѓаволи ќе имаат загуба од околу 133 милиони евра.

Во пресметката се влезени продажбата на билети, маркетингот и продажбата на продукти со клупските обележја. Не се земени предвид ТВ-правата бидејќи тие пари сè уште можат да се спасат ако сезоната продолжи и Премиер лигата се одигра, за што има најави.

Зад Црвените ѓаволи е нивниот градски ривал Манчестер сити со проектирана загуба од околу 123 милиони евра, или поточно 109,3 милиони фунти.

Над стотката во милиони евра се и Ливерпул со 116 милиони евра минус и Челзи со околу 103 милиони евра. Големи загуби ќе претрпат и останатите премиерлигаши, а загубата ќе ја мине и границата од една милијарда евра.

Ако се случи да не се доигра сезоната, иако продолжението се очекува за во јуни, тогаш Англичаните ќе претрпат катастрофални загуби бидејќи ќе нема и пари од ТВ-права за мечевите што треба да се доиграат.

- Оглас -

Најнови вести