Коронавирусот стигна и во МЗТ Скопје

Пријателскиот кошаркарски меч помеѓу Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром кој требаше да се игра утре, е откажан, затоа што еден член на стручниот штаб на Штрковите има коронавирус, па екипата ќе замине во самоизолација.

„И покрај максималното придржување кон мерките за заштита од коронавирусот, денеска член на стручниот штаб на нашиот тим беше позитивен на тестот на Ковид-19. Тој веќе неколку дена е во карантин, откако кај него се појавија благи симптоми, а по добивањето на неговите резултати од вечерва во самоизолација ќе бидат и нашите кошаркари и останатите членови на стручниот штаб.

Во текот на утрешниот ден очекуваме насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, кои претпоставуваме ќе значат тестирање на сите во тимот. Играчите, тренерите и останатиот персонал се чувствуваат добро и никој од нив нема симптоми, но за нивна и општа безбедност тие ќе останат дома се до следните препораки кои ќе ги добиеме, односно додека и тие на направат тестови на Ковид-19.

МЗТ Скопје Аеродром постојано апелира на придржување кон мерките за заштита како што се редовна хигиена, носење заштитна маска и држење дистанца, како најсигурни методи за заштита од коронавирусот“ – стои во соопштението на седумкратниот македонски првак.

- Оглас -

Најнови вести