Корпа за Билиќ, Адеми ја одби понудата од Саудиска Арабија

Аријан Адеми останува во Динамо Загреб, барем засега, а капитенот на популарните „модри“ ја одби понудата од Ал-Итихад, вредна околу 10 милиони евра. Тренерот на Ал-Итихад, Славен Билиќ инсистираше клубот да се засили со одличниот играч за врска, но не успеа да го ангажира Адеми.

Членот на македонската фудбалска репрезентација не сака да игра во првенството на Саудиска Арабија и според формата во која се наоѓа, има право да се надева на добра европска понуда.

Таква Динамо Загреб одби летоска, а Лил беше заинтересиран и понуди 6,5 милиони евра. Хрватскиот првак одолеа на понудата на францускиот тим и барем според резултатите беше во право.

Адеми капитенски го предводи Динамо и во првенството до лидерската позиција и во еврокуповите. Динамо по долга пауза од 48 години, успеа да презими во Европа и ќе игра во нокаут-фазата во Лигата на Европа против П’лзен во февруари.

Аријан има 27 години, веројатно до лето ќе игра за Динамо, а потоа ќе очекува голем трансфер, каков што заслужува играч од негов калибар.

- Оглас -

Најнови вести