15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Кошаркар на Дјук пред Леброн се пофали со атлетските предиспозиции (видео)

Крилниот кошаркар на НЦАА екипата Дјук блу девилс, Зајон Вилијамсон, претендира за прв избор на следниот НБА драфт, а зошто е фаворит покажа вчера во победата над Вирџинија кавалирс со 81:71. Атлетските предиспозиции ги демонтсрираше пред ѕвездите на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс и Ражон Рондо.

Кошаркар на Вирџинија имаше отворен шут за три поени при еден напад, но Вилијамсон со „небески“ одраз успеа да го стигне и му залепи „банана“, по што ја остави публиката во неверување.

Мечот го заврши со 18 поени, пет скока и пет асистенции, Зајон учинокот го оствари за 36 минути поминати на теренот.

Зајон има 18 години и тежи околу 130 килограми, а вниманието од медиумите го доби со својата исклучителна сила и одраз, кои резултираат со бројни атрактивни забивања.

 

- Оглас -

Најнови вести