Кошаркарите на Реал слават титула среде Барселона (Видео)

Реал Мадрид по 35-ти пат е првак на Шпанија во кошарка. Кошаркарите на „кралскиот клуб“ ја одбранија титулата, откако со 3-1 ја совладаа Барселона во финалната серија, а за меракот да биде уште поголем, Реал титулата ја прослави со победа од 74-68 токму во салата на неговиот најголем ривал. Со ова, Реал и врати на Барса за поразот во Мадрид во финалето на Купот.

Реал по шести пат во својата историја слави титула во салата „Палау Блауграна“. Сега тренерот Пабло Ласо има добиено 17 од 24-те финалиња како тренер на најтрофејниот шпански клуб. Барселона остана на 18 титули.

Пет кошаркари во бели дресови имаа двоцифрен број на поени, и тоа заедно со одличната одбрана, се покажа како клучно. Еве како изгледаше кревањето на шампионскиот пехар:

 

- Оглас -

Најнови вести