Кошаркарките на МЗТ Скопје го бранат трофејот во Купот против Баскет Кам, кошаркарите се фаворити против Феникс 2010 (Фото)

Денеска во мак-баскетот ќе се одиграат три натпревари, еден во женска конкуренција кој ќе го даде победникот во Купот на Македонија и два во машка конкуренција од Првата лига.

Кошаркарските на МЗТ Скопје кои минатата година триумфира во Купот, денеска од 16.15 часот во СЦР „Кале“ ќе играат во финалето на годинешното издание на Купот против Баскет Кам.

„Денеска нè чека фаворитот на овој турнир. Од она што го видов играа многу брза кошарка, тие шест-седум девојки кои играат повеќе години заедно и во клубовите и во репрезентацијата, многу добро се познаваат меѓу себе. Ги предводи одличен тренер, Жаклина Стојановска. Ќе се обидеме да парираме и да го одбраниме пехарот. Дојдовме до финалето, предавање нема. Имаме малку време да се подготвиме, и ќе се обидеме да направиме изненадување“, вели Горан Крстевски, тренер на МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје минатата сезона во финалето го победи токму денешниот противник.
„Моите играчи се спремни за едно големо финале и се надевам дека денеска ќе бидеме победници во дуелот со МЗТ Скопје. Во нашиот тим навистина има квалитетни играчи, на сите позиции сме покриени и мислам дека сме единствени во лигата покриени на сите позиции со домашни играчи. Генерално сум задоволна и се надевам дека ќе продолжиме со добри игри, до крајот на првенството, не само на Купот“, смета Жаклина Стојановска, тренер на Баскет Кам.

Кај мажите, денеска ќе играат двата најтрофејни клубови во Македонија, Работнички и МЗТ Скопје.

МЗТ Скопје првиот меч по триумфот во Купот на Македонија минатиот викенд, ќе го игра на гости против Феникс 2010 и ја има фаворитската улога. Металците по поразот во 2021 година (83:90), славеа на сите мечеви досега и се фаворити да ја продолжат серијата.

Екипата на Работнички пак е апсолутен фаворит против Академија ФМП.

 

 

- Оглас -

Најнови вести