Кошаркарот на Асвел целосно се изгуби поради атмосферата што ја направија навивачите на Црвена ѕвезда (Видео)

Црвена ѕвезда загуби на свој терен во Белград од Асвел дури по продолжение од пет минути со 72:74. И покрај феноменалната атмосфера која ја направија домашните фанови, гостите успеаа да направат изненадување.

Токму поради одличната атмосфера, пред почетокот на мечот се случи една чудна ситуација. Додека беа наредени играчите чекајќи мечот да започне, еден гостински играч буквално „заспа“, додека неговите соиграчи се поздравуваа со судиите и со соиграчите.

- Оглас -

Најнови вести