Кошаркарската федерација утре ќе го претстави 14-тиот македонски селектор

Кошаркарската федерација на Македонија за утре закажа прес-конференција на која ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација. Иако од КФСМ уште не го објавуваат името, јавна тајна е дека 14-тиот селектор ќе биде Александар Тодоров, актуелниот тренер на романска Крајова.

Тодоров досега има искуство од работење со младинската репрезентација и како помошник во А тимот, а сега добива шанса и привилегија да го води најсилниот тим и целта ќе му биде да ја однесе Македонија на Евробаскетот во 2021 година. Квалификациите за ЕП почнуваат во февруари со меч дома против Естонија, по што ќе следуваат три гостувања по ред, за на крај да ги пречекаме Италија и Русија. Од групата со четири тима, трите најдобри одат на ЕП.

После Књазев, Георгиевски, Андоновски, Лечиќ, Марковски, Давитков, Докузовски, Лазовски и Србиноски, еве сега и Тодоров ќе се придружи на листата на домашни стручњаци кои пократко или подолго го воделе националниот тим. Странци на клупата беа Арсиќ, Пипан, Џикиќ и Раца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести