Кошаркарски земјотрес на Балканот, евролигашки дербија во Истанбул, Белград и Атина (Фото)

Вечерва во кошаркарската Евролига се играат седум натпревари, а тоа значи и богата понуда за обложување во Sport Life.

Во Истанбул се игра првото турско и истанбулско дерби сезонава, Анадолу Ефес е домаќин на Фенербахче, а во исто време, од 18.30 часот во белградската арена стартува пресметката на Партизан и Виртус Болоња, два кандидати за настап на фајналфорот.

Во моментов Виртус е трети, а Партизан шести на табелата. Двата тима во минатото коло загубија на гостувања во Шпанија и сега бараат рехабилитација. Квотите велат дека Црно-белите се фаворити.

Интересно ќе биде и во Атина, каде што Панатинаикос ја пречекува Црвена ѕвезда. Во ПАО играат поранешни членови на белградскиот тим, во Ѕвезда има ексиграч на ПАО, а во грчкиот тим има играчи на кои тренер им бил сегашниот тренер на Црвена ѕвезда, Гркот Сферопулос, додека други биле соиграчи и сега ќе бидат на спротивни страни.

Во понудата на Sport Life се и дури 67-мина кошаркари на кои може да погодувате колку поени ќе постигнат вечерва, 33-ца играчи за број на скокови, за 29-мина типувајте колку асистенции ќе имаат.

 

- Оглас -

Најнови вести