Косово го смени селекторот, на листата на кандидати им се многу познати имиња

Фудбалската федерација на Косово не му го продолжи договорот на селекторот Примож Глиха и тргнува во потрага по нов селектор, а на листата на кандидати се неколку познати имиња.

Косоварите не се пласираа на Европското првенство, квалификациите ги завршија со пораз од Белорусија, а Глиха ги водеше само на шест натпревари откако на клупата седна на местото на Алан Жирес.

На листата на желби за нов селектор им се Славен Билиќ, Феликс Магат, Џани де Бјази, Аврам Грант, а се спомнуваат и Фатих Терим, Оле Гунар Солскјер, Вахид Халилхоџиќ. Според некои анкети, фаворит на навивачите е Хрватот Билиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести