Косово се запали за баражот со Македонија – Ќе бараат повеќе билети од ФФМ

На Косово му следуваат пет отсто од вкупниот број билети за бараж-мечот со Македонија во март, што веројатно ќе се игра во Скопје, но според најавите од тамошните медиуми, Фудбалската федерација ќе бара од ФФМ поголем контингент на влезници за своите навивачи.

Можно е да се игра во Струмица, што, како што истакнуваат на Косово, е полошата варијанта за нив.

Националната арена „Тодор Проески“ има капацитет од малку повеќе од 36 илјади места, за разлика од „Младост“ во Струмица, стадион што има 9.200 места.

Македонија секако ќе му биде домаќин на Косово во мартовскотополуфинале од баражот во Сегментот Д во Лигата на нациите, а ќе се игра еден меч и победникот ќе игра финале за пласман на Европското првенство 2020 со подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија.

Фудбалската федерација на Македонија сè уште не донела одлука каде ќе се игра мечот, а кандидати се скопската арена и струмичкиот стадион.

- Оглас -

Најнови вести