Косовскиот голман повторно дарува: Дали е ова најпацерскиот гол сезонава? (Видео)

Дуелот од Премиер лигата помеѓу Барнли и Брајтон заврши нерешено, 1-1, и тоа пред се благодарение на домашниот голман, но не поради одбраните кои ги имаше, туку поради пацерскиот гол кој го прими. Косовскиот голман, Аријанет Муриќ, во 79-тата минута во обид да ја исфрли топката во поле, успеа да ја промаши топката, која заврши во неговата мрежа.

Видеото во продолжение комплетно ја доловува глупоста на Муриќ, поради која Барнли остана без два бода во борбата за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести