Коцкестите ќе докажат зошто се фаворити против домаќинот

Хрватска – Австрија (18:15ч, ЕП ракомет)

Хрватите дефинитивно се меѓу конкурентите за самата завршница на Европското првенство, а вечерва ќе го докажат тоа против еден од домаќините, селекцијата на Австрија во првиот меч од втората рунда. Ракометарите кои ги предводи Лино Червар се големи фаворити за овој дуел, а квалитетот ќе го покажат иако ќе играат пред полна сала со противнички навивачи.

Хрватска засега има максимален учинок со победите над Црна Гора, Белорусија и Србија, исто како и нивниот противник, но ако се гледаат меѓусебните средби против Австријците, Коцкестите во два наврати славеа во 2010, односно 2015 година.

Обичен „кец“ носи квота од 1.35, што јасно покажува колкави се шансите Хрватска да тргне со триумф и во втората фаза од континенталниот ракометен собир.

Предлог тип: 1 & <54,5 гола (2.63)

 

Парма – Рома (21:15ч, Куп на Италија)

Последниот осминафинален меч во италијанскиот куп ќе го одреди противникот на Јувентус. Парма и Рома точно 13 години не одмериле силите во куп-меч, последен пат се сретнаа на 17 јануари 2007 година во рамки од четвртфиналето, а тогаш Волчицата продолжи понатаму.

Тимот на Консеисао има шанса да се реваншира за поразот од ноември минатата година, кој Рома го претрпе токму на „Енио Тардини“ со 2-0. Римјаните се фаворити, но нивната форма не ветува дека вечерва лесно ќе изборат пласман во следната фаза. Поразите од Јувентус и Торино имаат своја тежина, додека Парма го преброди дебаклот од Атланта со победата над Лече.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.88)

 

Химки – Реал Мадрид (18ч, Евролига)

Кралевите ќе се обидат и во четвртото последователно гостување во Москва да го надиграат тимот на Химки. Ако се гледа формата, рускиот состав е пред петти пораз во низа во Евролигата, освен ако не се случи чудо. Тоа што Химки е во кризен период на Реал може да му помогне да го надмине поразот од еворпскиот првак ЦСКА пред неколку дена, претрпен исто така во главниот град на Русија.

Армејците во тој меч ја прекинаа низата на Реал од 13 победи во низа во Евролигата, но Пабло Ласо има доволно искусво да го врати неговиот тим во победнички погон. За разлика од последната средба во која Кралевите доминираа со 104:76, овојпат ќе им недостасува најефикасниот играч од тој меч Ентони Рендлоф, но и без него може да се оствари целта.

Предлог тип: Т2 <89,50 поени (1.88)

 

Фенербахче – Барселона (18:45ч, Евролига)

Во вистински момент тимот на Жељко Обрадовиќ влезе во победнички ритам. Фенербахче по подолг период сезонава повторно победува во низа и се очекува спектакуларен дуел против еден од фаворитите за титулата во континенталното натпреварување. Турците со голема самодоверба ќе ја пречекаат Барселона, во обид по третпат да го одбранат домашниот паркет против Каталонците.

Ќе биде жешко и покрај аут-линијата, искусните стратези Обрадобиќ и Пешиќ ќе бараат врвна кошарка од нивните екипи, па затоа и се очекува дербито да се одигра во полн сјај и со многу возбудувања. Барса планира да ја прекине мини-серијата од три порази во Евролигата, но затоа ќе треба добро да се испотат.

Предлог тип: 1 I пол. (1.77)

 

Макаби Тел Авив – Олимпија Милано (20:05ч, Евролига)

Макаби максимално се труди да го следи чекорот со водечките Анадолу и Реал, а вечерва Израелците имаат шанса да им се реваншираат на Манекените за поразот во Милано. Сепак, и тимот кој го предводи Еторе Месина има свои пресметки, а со нов триумф може да се зацврсти на седмата позиција која носи место во разигрувањата.

Но, традицијата вели дека Макаби не губи на домашен терен од италијанскиот гигант, бидејќи славеше во претходните осум средби, а речиси редовно постигнуваат над 85 поени.

Предлог тип: 1 & >160,5 поени (2.30)

- Оглас -

Најнови вести