Ковачиќ нема иднина во Реал, ќе биде продаден на Челзи или на Тотенхем

Матео Ковачиќ, играчот за врска на Реал Мадрид кој  моментално е на заем во Челзи, веројатно ќе остане во Лондон и по крајот на оваа сезона. „Кралевите“ немаат намера да му ги исполнат желбите на Хрватот и да му гарантираат место во стартните 11, напротив, ќе се обидат да го продадат, односно ќе му дозволат да остане во редовите на Челзи доколку „сините“ ја исплатат посакуваната сума за неговите услуги.

Клубот од Лондон и претходно имаше намера во целост да го откупи Ковачиќ, бидејќи се задоволни од досега прикажаното на хрватскиот репрезентативец. Дури и на самиот фудбалер му се допаѓа таа идеја, добива поголема минутажа на „Стемфорд бриџ“, а воедно и Маурисио Сари има голема доверба во него.

Иако за Ковачиќ има интерес и од Тотенхем, „сините“ се во предност бидејќи тие веќе го имаат фудбалерот во своите редови, па можат да преговараат околу евентуален трансфер. Реал се надева дека ќе добие барем двојно од сумата која ја исплатија кога во 2015 година го купија Ковачиќ од тимот на Интер за цена од 30 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести