Ковид-19 го менува фудбалот – Врховен командант станува здравството

Здравствените служби ќе бидат главниот фактор за доигрување на сезоната во националните фудбалски првенства во ерата на епидемијата со Коронавирусот, а нивните совети ќе бидат клучни на кој начин и кога ќе продолжи тековната сезона.

Модерниот фудбал во екот на кризата го направи здравството да биде врховниот командант на ситуацијата и само нивната дозвола ќе биде клучна за термините кога повторно ќе се игра фудбал.

Швајцарија е меѓу земјите што денеска објави дека ќе има рестарт на сезоната, но датумот кога ќе почне пак да се тркала бубамарата го чекаат со дозвола од Министерството за здравство.

„Ја чекаме потврдата од Федералното биро за спорт и концептот на Институтот за заразни болести во Берн за да можеме да објавиме кога ќе продолжиме со фудбал. Секако, веќе се знае дека мечевите ќе се играат без публика, со максимална заштита на фудбалерите и сите придружни алтери во фудбалот“, објавија Швајцарците.

Слично е и во останатите земји, кои се координираат со здравствените работници, епидемиолози, инфектолози и институции задолжени за јавното здравје на населението.

Фудбал во Европа моментно се игра само во Белорусија, а наскоро се очекува да почнат и Германците, Италијанците, Шведска, Данска и уште неколку земји кои најавија рестарт на сезоните за почетокот на мај.

- Оглас -

Најнови вести