Ковид-19 пак го замрзна македонскиот фудбал – Одложено е 11-тото коло во Првата лига

Ковид-19 повторно го замрзна домашниот фудбал и поради строгите мерки и протоколи кои стапија во сила, одложени се натпреварите што требаше да се играат викендов во Првата и во Втората лига.

Одложено е комплетно 11-тото коло од Првата лига и десеттото коло во двете втори лиги, Запад и Исток. Најавено е дека ако се смири ситуацијата со пандемијата, можно е натпреварите да се играат на 7 и на 8 ноември.

Лани македонското првенство не заврши на терен и беше прекинато во март, па потоа воопшто не продолжи поради корона-вирусот и по административен пат на лидерот Вардар му беше доделена титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести